Книгите не' учат, не' информираат, не' забавуваат и не' провоцираат. Но, некои книги не' изненадуваат. Овие пет книги ги зачудуваат луѓето со години.
Ракопис „Војнич“
Оваа книга од 15-от век е ботанички текст. Во неа има детални цртежи од растенија, но не се знае кој го напишал ракописот. Мистерија е текстот до сликите кој е неразбирлив, а чудни се и астрономските и астролошите знаци, како и многубројните голи женски тела кои алудираат на репродуктивни процеси.
Во книгата има над 100 цртежи од можни медицински растенија и корења. Некои мислат дека ова е медицинска книга од далечна галаксија, а некои дека се работи за белешки на вештерка. Книгата е именувана според Вилфрид М. Војнич, кој ја купил во 1912.
Кодекс Серафинијанус
Не е познато потеклото на оваа книга од 360 страници. Книгата е илустрирана енциклопедија на замислен свет. Била создадена од италијанскиот уметник и дизајнер Луиџи Серафини, кој изјавил дека сакал да го создаде одново чувството кое го помнел од своето детство.
„The Smithfield Decretals"
Ова е колекција на религиозни закони напишани во 13-от век. Книгата била порачана од тогашниот Папа, а во неа има многу сцени со огромни зајаци, средновековен Јода (да, оној од „Војна на ѕвездите“, еднорози и чудни суштества.
Кодекс Рохонк
За оваа книга не се знае многу. Овој ракопис се појавил во 19-от век во Унгарија. Никој не знае кој го напишал или што значи текстот напишан на мистериозна азбука од речиси 200 симболи.
Книгата на Сојга
Оваа книга од 16-от век е за магија и била
изгубена со векови пред да биде пронајдена во 1994 година. На страниците има упатства за повикување демони, магија, астролошки идеи и други нешта.