X
 05.01.2017 Живот

Раскажувачи на кои не можете да им верувате

Постојат неколку типови на неверодостојни раскажувачи, односно оние кои го збунуваат читателот, кој потоа не знае во што да верува – оние кои се залажуваат себеси, оние кои ги залажуваат другите и комбинација од двете. Ова се неколку од нив :


1.    „Gone Girl“ од Џилијан Флин

Приказната за Ејми и Ник и нивните брачни проблеми воведе живост во психолошкиот трилер.

2.    „Fight Club“ на Чак Палахниук

Неверодостојните раскажувачи одат во комбинација со заплети. Тука ова најмногу е присутно. Заплетот, играта на зборови, ја открива компелтно несигурноста на карактерите.

3.    „The Three“ од Сара Лоц

Оваа мрачна приказна за четири авионски несреќи и трите деца кои преживеале игра со неверодостојната нарација на малку поразличен начин. Откако се гледаат настаните и дејствијата од гледиштето на еден карактер и верувањето во нив, Лоц потоа презентира друго гледиште од друг карактер за истите настани. Кому можете да му верувате е тешко да се каже.

4.    „The Wasp Factory“  од Ијан Бенкс

Ова е мрачна и вознемирувачка студија за дисфункционално и несигурно семејство.

5.    „Rebecca“ од Дафне ду Мориер

Тука има раскажувач кој е неверодостоен заради тоа што самиот не разбира што се случува околу неа и затоа и читателот е збунет.

6.    „Lolita“ од Владимир Набоков

Раскажувачот му ласка на читателот и се обидува да си ги оправда постапките. Брилијантна книга.

7. „The Girl on the Train“ од Пола Хокинс

 Паметна приказна за недоверба и убиство. Главниот карактер е неверодостоен бидејќи во поголемиот дел од книгата е во алкохолизирана состојба и се онесвестува.

8.    „The Tell-Tale Heart“ од Едгар Алан По

Никогаш не му верувајте на раскажувач кој на самиот почеток инсистира да убеди дека не е луд. Морничава приказна за ефектите на вината од човековата психа, која останува долго време во сеќавањето.
 
9. „Notes on a Scandal“ од Зои Хелер

 На читателот му се презентира искривена перспектива преку која мисли дека сите се вклучени во аферата за која се раскажува.

10.    „The Life of Pi“ од Јан Мартел

Прекрасна приказна, кој читателот го остава замислен – што од сето прикажано е вистина, а што е измислено.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот