Најголемата страна за љубителите на книгата, „Goodreads“, која постојано дава нови препораки за книги, го постави прашањето: Што ако љубителите на книгата владееја со светот?
Се појавија голем број коментари и идеи, а ние ви ги издвојуваме најкреативните.
1. „Секој дождлив ден би бил ден за останување дома и читање книга“.
2. „Животот би го мереле според поглавја, а не минути. На пример: - Ќе дојдам после една шолја кафе и две поглавја“.
3. „Би имало библиотека на секој чекор“.
4. „Би добиле бесплатна електронска верзија на секоја купена книга“.
5. „Реалити шоуата би била заменета со час за приказна, а а полицијата за граматика би била реалност“.
6. „Библиотеките и јавните училишта би биле соодветно финансирани“.
7. „Излегувањето на една книга би бил национален празник“.
8. „Групните читања би ги замениле сите други видови на забави“.
9. „Би имало „час за книгата“ како дополнување на пауза за ручек на работа секој работен ден“.
10. „На библиотеките никогаш не би им недостасувале книги“.
11. „Сите - без разлика на нивниот пол, националност, ниво на сиромаштија би можеле да научат и да прочитаат нешто како и да имаат пристап до материјали за читање“.
12. „Продажбите на чај и кафе би се зголемиле за минимум 10 пати“.
13. „Би имала посебна патека за читателите кои шетаат и читаат книга“.
14. „Би биле презафатени со читање книги за да војуваме“.
15. „Поддршката за програми и курсеви за образование би била доста поголема“.
16. „Бројот на телевизиски канали драстично би се намалил“.
17. „Читањето би било вистинска работа. Замислете, да ви плаќаат за да читате“.
18. „При секоја објавена книга би се засадило по едно дрво“.
19. „Би имале мирен и тивок свет“.
20. „Ова би бил валиден изговор за да добиете слободен ден: останав до доцна бидејќи ја завршував книгата“.
21. „Би имало помалку незнаење и поголема толеранција“.
22. „Хогвортс би било вистинско училиште“.