Младите корисници на социјалните мрежи во Виетнам учат како да позираат за совршена фотографија на курс за инфлуенсери. Курсот е особено популарен кај младата женска популација во земјата, во која околу 70% од населението се помлади од 35 години.
Фото: Pixabay
Курсот го води инструкторката
Фам Киу Ли, која има илјадници следбеници на „Инстаграм“ и „Тик-ток“. Тој чини 130 долари, а Киу Ли почнала да го нуди откако нејзините следбеници започнале да ја прашуваат за совети при фотографирањето за социјалните мрежи.
Преку часовите Киу Ли им помага на курсистите да научат како да позираат и да прават фотографии за да се промовираат на социјалните мрежи. Според неа, се пријавуваат и кандидати што сакаат да си ја зголемат самодовербата.
Фото: Pixabay
Курсот почнал да се нуди во септември минатата година и трае еден и пол ден, а досега го слушале околу 500 луѓе. Се пријавуваат луѓе од разни професии, меѓу кои и лица што продаваат производи преку социјалните мрежи и луѓе што сакаат да промовираат бизнис.
Извор:
luxurylaunches.com