X
 01.02.2017 Живот

И деца го чистат мразот од патиштата во Северна Кореја

На илјада мажи, жени и деца работаат во ужасни услови како би служеле на северно-корејскиот зимски центар Масикрионг, пренесува американската мрежа „NBC“.


Снимката која ја објавил медиумот, прикажува како работници разбиваат дебеле слоеви на мраз за да го исчистат патот до хотелот. За разлика од поголемиот дел на зимски центри, ова во Масикрионг се обавува рачно.

Мразот го чистеле дури и деца, од 11 и 12 години. Ова место се наоѓа на три часа возење од Пјонгјанг и најчесто е посетувано од елитата на Северна Кореја.

Се наоѓа на 1.360 метри надморска височина, а има 10 скијачки патеки. Одморалиштето има хотел, ски-шоп, базен, лизгалиште, неколку барови и ресторан. На подножјето од скијачката патека има поставено огромно платно и звучник на кој се пушта патриотска музика.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот