X
 22.06.2016 Култура

Кога масовното уништување стана нормално на филм?

Можеби сте забележале дека речиси во секој филм кој се одвива околу апокалипса, првите напади се прават на големите градови, поточно на историските обележја во овие градови. Лондон, Њујорк, Париз - тоа се градовите кои најчесто се нападнати во овие филмови. Уништувањето на градовите и светот веќе стана често во филмовите, па публиката повеќе не се шокира од ова. Како стигнавме до овде?


Кога масовното уништување стана нормално на филм? „Гардијан“ пишува дека за да го видиме почетокот на овој тренд треба да се вратиме 20 години во минатото кога излегол првиот „Independence day“. Напишан од Роланд Емерих и Дин Девлин, овој филм имаше вонземјани кои летаат до Земјата во вселенски брод голем колку една четвртина од месечината. Потоа бродот се дели на повеќе делови, од кои секој стои над некој од најголемите градови во светот, а потоа ги напаѓа со ласер (или нешто слично).

Тоа бил моментот кога летниот блокбастер стана нешто помалку забавно и повеќе апокалитично. Влијанието на овој филм се чувствува и денес во Холивуд. Еден од клучните моменти во филмот било уништувањето на Белата куќа. Авторите сметале дека тоа е важен дел од филмот - толку важен што одлучиле да ја снимат сцената и покрај приговорите од страна. Освен Белата куќа, во филмот ги гледаме уништувањата и на Емпајрт Стејт Билдинг и други градови низ светот.

Дваесет години подоцна, овие сцени се' уште застрашуваат и шокираат. Еден од авторите, Емерих, решил да се запише на курс по режија откако го гледал „Војна на ѕвездите“.

„Германските филмови беа здодевни и неинтересни и се' што доаѓаше од новиот Холивуд беше кул“, изјавил тој.


Тој сметал дека луѓето ги сакале „Војна на ѕвездите“ и филмовите на Спилберг и сакале да гледаат вакви филмови. Она што го направил тој заедно со Девлин преку „Independence day“ е оживување на филмскиот жанр: катастрофа.

Нема сомнение дека потоа следуваа копии од овој филм - „Armageddon“ и „Deep impact“ се само некои. Наскоро, ваквите филмови станаа норма. Секоја година добиваме по неколку вакви филмови во кои секогаш има уништување на барем еден познат град и претседателско обраќање во стилот на Морган Фримен со неговото: „Бог нека не' чува сите“.

Дали овој филм влијаел и на реалноста?

Многумина сметаат дека идејата за нападот на кулите близначки во 2001 била добиена од овој филм, посебно од сцената во која авион удира во Белата куќа.

Но, режисерите продолжија да снимаат вакви сцени и понатаму, исто како ништо да не се случило.

Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура