X
 26.06.2016 Наука

Како функционира интуицијата?

Луѓето се бореле речиси отсекогаш. Црвено наспроти сино. Религија наспроти спиритуалност. Една популарна битка во психологијата го става логичкиот домен на рационалност наспроти мистичната интуиција. Со други зборови, тоа е разликата помеѓу „Размислуваш премногу, треба да почувствуваш“ и „Користи го умот“.


 Психијатарот Питер С. Вајбрау смета дека интуицијата е примарен компонент во подесувањето на мозокот. Тој ја преведува интуицијата како рефлексивно самопознавање водено од претсвесна нервна мрежа. Оваа мрежа се состои од претходно научени шеми кои помагаат во одредувањето морални правила, навики и верувања.

Но, ова не гарантира дека интуицијата секогаш е во право. Луѓето честопати забележуваат кога тоа ќе се случи додека ги игнорираат настаните кога интуицијата згрешила. Ова е важна работа за нашите чувства која ја забораваме: не сакаме кога нашето шесто сетило е исклучено.

Вајбрау објаснува дека е чудно како луѓето кои ја сметаат интуицијата за нешто мистично прифаќаат дека може да учиме навики и некои активности да ни станат автоматски со вежбање. Неспособноста да се групира интуицијата со таквите моторни вештини ја започнува битката меѓу рационалноста и интуицијата.

Некои експерти се на половина пат. Имено, интуицијата се случува кога нашата потсвест обрнува внимание на околината, спојувајќи делови од приказната надвор од свесното внимание. Вајбрау смета дека оваа вештина за брзо когнитивно процесирање е она што му помогнало на човечкото суштество да успее.

Луѓето се мислители кои чувствуваат. Замислената битка е изум на истиот ум. Експертите честопати наоѓаат валидни аргументи од двете страни.

Конечно, интуицијата не е грешка, туку карактеристика на нашата психологија. Сепак, таа е дел од способноста на мозокот да ја разбере територијата, внатрешното и надворешното.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука