„Вљубеноста влијае врз мозокот на ист начин како и дрогата“, вели Етли Ен Вејр, авторката на книгата Зависност од љубов: секс, романтика и други опасни дроги, каде објаснува дека фазата на замаеност може да остави сериозни последици врз здравствената состојба.
Вљубеното лице најчесто не спие со ноќи, што го исцрпува, а преку ден мора да ја извршува работата како да е најсвежо и најодморено.
Хелен Фишер, професорка на универзитетот Рутгерс вели дека тоа е исто како кога човек цело време вози во брза трка и ужива во истата, без да размислува за последиците.
Вљубеноста им дава енергија, чувство дека можат да поместуваат и планини и до рани зори да водат љубов. И така од ноќ во ноќ, сè додека не паднат“ – вели таа.
Проблемот е во тоа што несоницата ја намалува моќта на концентрација, а вљубеноста предизвикува опсесивна фокусираност исклучиво врз партнерот. Хелен врз основа на студијата каде со својот тим ги скенирала мозоците на 75 вљубени лица, открила дека тие неретко чувствуваат болка во градите, што е предизвикана од зголемената активност во делот од кортексот кој е поврзан со чувството на страв.
Повеќето испитаници чувствувале и блага нервоза во желудникот, налик на онаа што се чувствува пред испит, пред интервју за вработување или пред јавен настап.