X
 20.01.2024 Живот

Неколку причини зошто природата прави да се чувствувате толку добро

Ако поминувате време во природа, веројатно сте забележале дека сте посреќни. Но, зошто? Една од попознатите теории - хипотезата за биофилија посочува дека ја сакаме природата затоа што сме еволуирале од неа. Потребна ни е за нашата психолошка благосостојба бидејќи е во нашата ДНК.

Крис Абрамс, психотерапевт и шамански практичар, објаснува на кој начин сме привлечени од природата и зошто сме толку среќни кога престојуваме во природа.

1. Природата ве учи дека сте добро

Кога сте во природа, не мора да се гледате во огледало. Наместо тоа, фокусирани сте на амбиентот околу вас или на она што го правите, како качување, поставување шатор или градинарство. Истражувањата покажуваат дека сликата за телото на луѓето се подобрува кога поминуваат време во природа.

Кога сте сами во природата или со пријатели или група луѓе, немате потреба за меѓусебно угнетување, стигматизирање или омаловажување.

2. Времето забавува

Итноста, роковите и распоредот мерен со часови, минути и секунди се топат. Часовникот нè учи да го напуштиме природниот ритам на нашите тела и да се усогласиме со распоредот вкоренет во нашиот систем. Тоа создава стрес.

Од друга страна, природата моделира здраво темпо на живот. Дрвјата и растенијата растат бавно, а срните пасат мирно. Сè се движи според својот природен ритам, така што и вие почнувате да го правите истото.

3. Природата моделира скромност


Нашата култура нè учи дека никогаш не е доволно. Се стремиме да заработиме повеќе пари, да купуваме повеќе работи, да јадеме повкусна храна. Исто така, мејнстрим-културата нè охрабрува да не размислуваме за тоа како оваа прекумерна потрошувачка влијае врз другите.

Спротивно на тоа, во еколошките системи владее хармонија и рамнотежа, на пример, вервериците ја складираат точната количина на храна за да ја поминат зимата.

5. Доживувате вистинска тишина што ве смирува и ја доживувате убавината на природата


Освен тоа, чувствувате страхопочит и радост и повторно сте цели.

Извор: Brightvibes.com
Фото: Unsplash
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот