X
 27.06.2016 Живот

Новата атракција во Лос Анџелес е само за најхрабрите

Ова е страшно дури и за луѓето кои скокнале од авион во движење. Во Лос Анџелес бил изграден Скајслајд, застрашувачка стаклена цевка надвор од зграда.


Таа била отворена за јавноста во саботата, а новинарите имале можност да ја пробаат први. Каналот се наоѓа на височина од 304 метри и од страна на облакодер.

 Како што објаснува новинарката од „News.com.au“, додека се пуштате низ стаклениот канал, под вас ги гледате улиците и целиот град.





„Возењето“ трае неколку секунди а се поминува 13,7 метри од 70-от до 69-от кат на облакодерот. Тоа е дел од реновирањето вредно 68 милиони долари кое вклучувало тераса и бар на отворено.

Цената за користење е 30 долари.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот