„Флоутинг ритрит“ е името на туристичко одморалиште во планините на градот Шарџа во Обединетите Арапски Емирати.
Оваа туристичка атракција е дело на студиото „Ард аркитектс“ од Дубаи и комбинира престој на отворено со удобност и луксуз на модерните сместувања. Студиото, во соработка со управата за инвестиции и развој на градот, ги замислува овие висечки шатори како место кое ќе го заживее локалниот туризам и ќе ја подигне свеста за зачувување на околината.
Се планира изградба на проѕирни капсули кои наликуваат на шатори и се обесени помеѓу карпи, а опремени со сите потребни работи за престој во природа.
Извор:
Pun kufer
Насловна фотографија:
Ardh Architects