X
 05.04.2017 Култура

Неверојатен контраст: Мост под кој Атлантскиот Океан се спојува со Карипското Море

The Glass Window Bridge или „Мостот Стаклен прозорец“, е место кое може да ве остави без здив. Станува збор за мост од каде може да се набљудува како моќните темносини морски води на Атлантскиот Океан се спојуваат со тиркизното Карипско Море.


Фото: Screenshot

Мостот е поставен на најтесниот дел од прекрасниот остров Елутер, кој е долг 180 километри а широк само 1,6 километри во истоимениот архипелаг на Бахамите.

Природниот камен мост во текот на годините бил  уништен од ураганите, но луѓето направиле негова вештачка копија од бетон. Истата, заради метеоролошките непогоди мора постојано да се обновува и има ширина од само девет метри.

Погледот од мостот е прекрасен и е најпосетената  дестинација на Елутер. Видеото што следи, најдобро ќе ги потврди овие заклучоци:


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура