За сите вљубеници во книгата кои можат да си дозволат патувања низ светот, оваа книжарница може да стане нивна задолжителна дестинација. Дополнително, нејзиниот несекојдневен ентериер претставува вистинска атракција.
Продавницата за книги Јанџоу Џунгшуг, во кинескиот град Џан Јуен, однатре изгледа како сцена од филмот
Inception, што во превод значи „Зачеток“. Просторот кој предизвикува вртоглавица е дизајниран како голема оптичка илузија.
Главниот ходник, чиј под е прекриен со црни огледала, има форма на пештерски свод, на чии ѕидови се наоѓаат полици за книги. Рефлективната површина на подот и закривените форми на полиците создаваат впечаток дека се наоѓате во совршено кружна просторија.
Чувството кое го создава овој амбиент ве тера да се прашате што се случува околу вас, а многу посетители се чувствуваат изгубени во таквиот простор. Помош при движењето низ овој „искривен“ простор, обезбедува раздалеченоста на таванот што е во форма на молња и чиј одраз може да се искористи како патека по која се стигнува до другиот дел од
книжарницата.