X
 28.03.2017 Наука

Што му се случува на човекот 30 секунди пред смртта?

Сите се прашуваме што се случува со човекот кога умира. Австралискиот невролог д-р Камерон Шо нема информации за тоа дали постои човекот и после смртта, меѓутоа успеал да открие што се случува со мозокот неколку моменти пред да се изгаснат сите животни функции.

Имено, тој направил вивисекција на човечкиот мозок на една жена која одлучила да го донира нејзиниот мозок после смртта, за потребите на науката.

Кога тој го секол мозокот, ја објаснил неговата структура и како одредени делови се однесуваат во моментот на смртта. Објаснил како мозокот се развивал низ милиони години еволуција на човечкото тело. Научниците веруваат дека прво се развило најпримитивното подрачје на човечкиот мозок - базалните ганглии кои ги контролираат основните човечки желби како што се глад, сексуална желба и движење.

Структурите поврзани со повисоките интелектуални и емоционални функции - хипокампусот и темпоралниот лобус биле создадени подоцна, а на човек му даваат можност за помнење и учење, додека кортексот, надворешниот слој на мозокот се верува дека бил создаден последен. Тој содржи четири лобуси кои го контролираат човечкиот морал и способноста да ја планираат иднината.

Оваа поделба на мозокот е од клучно значење за разбирање на смртта бидејќи д-р Шо објаснува дека мозокот умира во фази. Како што протокот на крв доаѓа од внатрешноста, надворешните слоеви кои ги контролираат поголемите и похуманите функции, како што се личноста и чувството за иднина, умираат први и тоа во првите 10 до 20 секунди. Подрачјата кои го контролираат помнењето и комуникацијата умираат после нив, а јадрото останува последно.

Иако човекот е жив додека јадрото на мозокот сè уште е функционално, д-р Шо објаснува дека човекот во оваа состојба всушност вегетира.

„За оваа личност може да се каже дека е мртва бидејќи не е свесна за себе ниту за околината околу себе, но ако базалната структура остане недопрена, човекот и понатаму ќе дише и ќе има пулс“, објаснува д-р Шо.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука