Повеќето луѓе го користат „Google“ секојдневно, но дали ги знаете сите негови тајни? Пребарувачот нуди многу повеќе од она што го знаеме. Ова се некои корисни и забавни трикови кои може да ги направите.
Користете наводници за барање одредени фрази
Доколку ставите наводници, „Google“ ќе ви ги даде само интернет-страниците кои ги содржат тие зборови така како што сте ги напишале.
Ставете ѕвезда во наводниците ако имате непознат збор
Барањето фрази во наводници со ѕвезда наместо еден збор ќе ги најде сите можни варијанти на фразата. Корисно е ако сакате да најдете некои стихови од песна, но не ги знаете сите зборови.
Користете минус за да ги елиминирате резултатите кои содржат некои зборови
Резултатите покажуваат огромен број информации кои не се битни? Одредете кој термин не ви е битен и ставете минус пред него.
Барајте специфични страници
Функцијата „site:“ пребарува одредена интернет-страница која ќе ја внесете по двете точки.
Пребарувајте архиви
„Google news“ има опција за пребарување на новинарски архиви од весници од сите делови во светот постари и од 100 години.
Филтрирајте резултати за рецепти
Ако ја „гуглате“ својата омилена храна и притиснете „Search tools“ ќе може да ги филтрирате рецептите по состојки, време на готвење и калории.
Користете „Define:“ за да научите значење на збор
За жал, ова не се однесува на македонскиот јазик, но е корисна алатка за англискиот јазик. Само напишете „define:“ пред зборот кој не го знаете.
Играјте „Atari Breakout“ во Google images
Легендарната видео игра е достапна, но треба да ја барате во слики.
Барајте фотографии со фотографија
Дали некогаш сте наишле на фотографија која ви изгледа познато? Ако ја пребарувате преку Google images (во опцијата camera) ќе ги добиете сите слични фотографии на интернет.
Кажете „flip a coin“ или „heads or tails“
Доколку го притиснете симболот на микрофон и кажете „flip a coin“ или „heads or tails“ пребарувачот ќе врти паричка за вас.
Кажете „give me a love quote“ или „I love you“
Со истиот симбол на микрофон може да кажете „give me a love quote“ или „I love you“ доколку ви недостасува малку романтика.