Фејсбук секој ден го користат повеќе од милијарда луѓе. Во светот во кој сите информации се достапни, помага да знаете како барем малку да ја заштитите вашата приватност. Ви донесуваме неколку трикови кои би можеле да ви помогнат во заштита на вашата приватност, а кои можеби не сте ги знаеле.
Оневозможете го известувањето за прочитана порака
Оваа опција не можете да ја активирате во рамките на „Facebook“, туку морате да преземите друга апликација. Можете да се обидите со апликацијата „Crossrider Chat Undetected“ која функционира на „Google Chrome“, „Mozilla Firefox“ и „Internet Explorer“. Важно е да знаете дека оваа опција не е возможна во самата апликација на телефонот, туку можете да ја користите само на компјутер.
Исклучете ја опцијата „последна активност“
Доколку не сакате никој од вашите пријатели да видат кога последен пат сте биле активни на „Messenger“, постои решение. Не е комплицирано, но бара време. Имено, од телефонот ќе морате целосно да го избришите „Messenger“ и сите негови податоци, а „Facebook“ да го користите преку веб пребарувачот од вашиот телефон. Иако не е наједноставната опција на светот, ја исполнува целта, а тоа е никој да не може да види кога последен пат сте биле активни.
Откријте што може да се види на вашиот профил
Кликнете на стрелката во горниот десен агол и од паѓачкото мени изберете ја опцијата „Кој може да ги види моите објави“. Кога ќе го видите „Што другите луѓе може да видат на мојот профил“, кликнете ја оваа опција и погледнете што вашите пријатели можат да видат на вашиот ѕид, како и оние кои не се ваши пријатели.
Сокријте објави од некои луѓе
Статусот можете да го сокриете од одредени луѓе. Од паѓачкото мени изберете ја опцијата што седи до „Објави“. Тука можете да подесите кој може да ја види објавата, а кој не.