Со само неколку трикови можете да ги пронајдете производите што ги посакувате без да ја напуштите удобноста на
вашиот дом. Но, за да го пронајдете тоа што го барате, потребно е да пребарувате паметно.
Тука со вас споделуваме трикови и совети на Pazar3, лидерот на онлајн-пазарот во Македонија.
1. Направете листа
Многу е лесно да се најдете во позиција бесцелно да барате работи и да го заборавите она што е важно. Направете листа со предмети што ви се потребни и обидете се да се држите до листата колку што е можно повеќе.
2. Користете нотификации за да бидете во тек со актуелната промоција
Колку пати ви се случило да го пропуштите огласот кој бил објавен и продуктот бил продаден уште истиот ден? Тоа сега може да биде минато. Ако ја имате симнато андроид-апликацијата на Pazar3 со вклучено известување, ќе добиете нотификација веднаш штом е објавен продукт од категоријата за која сте заинтересирани.
3. Знаењето е моќ
Бројот на продукти што можете да ги пронајдете на Pazar3 е огромен. Добијте колку што е можно повеќе информации за предметите што ги барате. И, секако, бидете трпеливи. Порано или подоцна ќе го најдете она што ви е потребно.
4. Бидете ажурни
Навикнете се да купувате веднаш кога ќе го пронајдете
вистинскиот продукт – иако тој не ви е на листата со приоритети и не е вистинско време за тоа, затоа што може да пропуштите навистина добра можност. Подоцна, кога некои предмети ќе ви бидат навистина потребни, можеби понудите нема да ви се допаднат.
5. Луѓето огласуваат насекаде низ светот, доколку мислите дека сте единствени – се лажете
Вие не сте единствени што продавате или купувате производи онлајн, како што си мислите. Нормално е дека и вашите соседи ги купуваат и ги продаваат работите исто како вас. Пребарувајте ги огласите во посебен град и општина и со сигурност ќе најдете многу поволни понуди.
Посетете: Пребарувај во цела Македонија
6. Бидете подготвени во секое време
Многу е важно да имате план и стратегија како да дојдете и да ги остварите вашите цели. Тоа се однесува и на огласувањето. Пристапот до автомобил понекогаш е предуслов за да стигнете први до посакуваниот производ. Не случајно огласувачите ги продаваат предметите на лицето кое прво е достапно и најбрзо реагира – понекогаш тоа дури може да биде по многу поволна цена – затоа што огласувачите брзаат да се ослободат од непотребните работи.
7. Пронајдете „бесплатни“ предмети
Многу огласувачи, особено во големите градови, сакаат да добијат „помош“ за да се ослободат од непотребните работи. Често се случува да се направи размена на услуги, на пример, транспорт или достава до потребната дестинација. На тој начин огласувачот ќе се ослободи од непотребните работи, а клиентот ќе го добие продуктот.
8. Дополнителна заработка
Доколку има некој производ што многу го сакате, можете да се обидете да остварите дополнителна заработка на огласувачот - понудете поголема цена отколку таа што е наведена во огласот. На тој начин не ризикувате да го изгубите продуктот, а воедно и самиот огласувач ќе биде задоволен.
9. Не чекајте
Доколку го пронајдовте она што ви е потребно, треба веднаш да го контактирате огласувачот. Јавете се колку што е можно побрзо доколку е наведен телефонски број во огласот или контактирајте го огласувачот преку алатките што ги нуди Pazar3.mk.
И уште нешто....
Доколку се обидете да ги следите советите што ви се дадени на оваа листа, со сигурност ќе пронајдете предмети кои не ви се потребни и само ви го заземаат просторот во вашиот дом. Тоа може да бидат користени предмети кои веќе сте ги замениле со понови или веќе имате такви, па другите се бескорисни.
Од друга страна, пак, доколку пребарувате секојдневно на Pazar3, со сигурност ќе најдете повеќе продукти од иста категорија, од кои ви е потребен само еден. Широката понуда на продукти што ја има веб-страницата ќе ви помогне да стигнете до посакуваното на брз и едноставен начин.
Станете и вие корисник на услугите на Pazar3
СЕГА!
(Комерцијална објава)