X
 30.06.2016 Образование

Како родителите несвесно поттикнуваат депресија кај детето?

Ново истражување покажува дека наметливите родители го зголемуваат ризикот за депресија кај децата. Како родител, потребно е да најдете вистински баланс меѓу охрабрувањето на детето да постигне добар резултат и пуштањето да ги сфати работите самото. Предизвик е да се најде овој баланс. Исто така, тоа е нешто во кое не успеваат 61% од британските родители, според истражување од 2014.


Според истражувањето, толкав процент од родителите се сметаат за „наметливи“. Ново истражување покажува дека таквото однесување има негативни ефекти на децата. Истражувањето објавено во „Journal of personality“ покажува дека притисокот на децата за домашните задачи и добрите оцени ги прави децата самокритични.

Психолозите велат дека децата со наметливи родители имаат поголеми симптоми на анксиозност и депресија. Истражувањето било спроведено на 263 7-годишни деца од Сингапур во период од 5 години. Според резултатите, децата со родители кои имале високи очекувања од академскиот успех на своите деца го демонстрирале ова со принудување на децата да имаат добри оцени.

Поради ова, родителите честопати реагирале премногу бурно кога детето правело грешка и ги охрабрувало да одат во насоки според нивните желби. Професорот Рајан Хонг од Националниот универзитет во Сингапур вели дека „кога родителите се наметливи може да им сигнализираат на децата дека она што го прават не е доволно добро. Детето може да се исплаши од најмалата грешка и да се обвинува дека не е совршено“, вели тој.

Со текот на времето, ова може да го зголеми ризикот од депресија, анксиозност, па дури и самоубиство.

Како да го мотивирате детето без да бидете наметливи?

Децата често имаат потреба од охрабрување кога станува збор за домашните задачи и хобито, но важно е да не се помине границата меѓу мотивацијата и принудувањето.

Поставете реалистични цели


Без разлика колку верувате во детето, не треба да го наместите детето да постигне неуспех. Доколку математиката не е нивна најдобра страна, не барајте најдобри оцени на крајот на годината. Поставете помали и пореалистични цели со кои ќе забележувате напредок со времето.

Славете ги нивните достигнувања

Без разлика дали станува збор за мала победа на натпревар или успешно учење на тежок предмет, не заборавајте да го пофалите детето за напорната работа. Ова ќе ги охрабри да бидат добри и понатаму.

Не им дозволувајте да се откажат без борба

Можеби работите не оделе според планираното. Ова е времето да го потсетите детето дека иако работите не се како што мислевте, не треба да се откажува. Сепак, доколку детето постојано наведува дека сака да се откаже од нешто, не го присилувајте на спротивното.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование