X
 13.11.2016 Живот

Оставете ги децата да прават грешки!

Според мислењето на Мишел Визби, која води пет Монтесори претшколски установи во Есекс и Хартфордшир во Велика Британија, голем проблем на денешните родители е тоа што од своите деца очекуваат премногу - децата немаат право да згрешат и тоа во најраните фази на растење и учење, а за возврат не им дозволуваат самите да се обидуваат и да грешат.

Токму преку нејзиното искуство на учење со метод на обид и грешки е основното и нормалното во истражувачките подвизи на малите деца.

Мишел Визби е загрижена е тоа што ова денес го прават децата.

„Важно е да му дозволите на вашето дете да прави грешки. Оставете го детето да биде дете. Никогаш нема да стане она што неговите родители сакаат тоа да биде“, предупредува таа.

Нејзините градинки се водат по филозофијата за охрабрување на децата да бидат самостојни и да учат преку грешките. „Во нашите градинки имаме многу тренинг со персоналот на темата колку е важно да се има доверба во децата. Исто така разговараме со родителите за тоа колку е важно да ги остават сопствените деца да ризикуваат и всушност станува збор за доверба од страна на родителите“, вели таа.

„Јасно им даваме до знаење на родителите дека децата ги оставаме да ризикуваат - од качување на дрво, до тоа сами да си тураат да пијат и сами да користат вистински ножеви за да го сечат јадењето, па се' до едноставни задачи во изборите во текот на денот - за какво учење ќе се одлучат и како ќе им помине денот. Можеби на крај во евиденција нема да видите ништо посебно, но ќе ја видите вистинската слика за способностите и интересите на детето.

Правила

Таа вели дека постојат правила за тоа како на децата им се дава поголема слобода, и додава: „Правилата постојат, но само за да се обезбеди дека се' е на свое место. правилата не се тука за да ве спречат. Тука се за да ве заштитат. Се обидуваме да не дозволиме да не' контролираат или да ги контролираат одлуките кои ги донесуваме со децата“.

„Сепак, како експерти, ги дозволуваме правилата и ризикуваме незгоди за да ги ограничиме можностите кои ги имаат децата. Марија Монтесори отсекогаш велеше да веруваме во децата. Таа секогаш не' потсетува дека детето најдобро знае за себе, а сепак ние стоиме над него и му го всадуваме нашето знаење и не му даваме право на глас да го подели своето - само доколку не ги исполни задачите“.

„Работата е во тоа децата да бидат свесни за ризикот кој може да се случи и да се осигураат дека знаат што може да е случи; во тоа детето да сфаќа и да го поттикнеме да ги прошири своите знаења такашто целосно ќе може да донесе одлука за себеси“.

Принципите на Монтесори методите се тука за децата да учат преку избор, обид и преку самостојна работа.

Самостојно учење

Самостојното учење претставува верување дека детето ги знае сопствените способности.

Според зборовите на госпоѓа Визби, доколку не му дадете можност на детето да ризикува, тоа може да има огромен ефект врз неговата способност да донесува одлуки, а тоа значи дека ќе се плаши да се обидува да прави нови работи - да ризикува, без разлика на тоа колку нештото е мало.

Во нејзините градинки на децата им е дозволено да користат вистински бокали, чинии и ножеви и вели дека тие ретко имаат некаква незгода бидејќи децата учат дека овие предмети можат да бидат опасни така што развиваат почит кон нив и ги третираат внимателно, а ова подоцна одредува како ќе се погрижат за работите околу нив.

Секако, родителскиот инстинкт е да сака да ги заштити своите деца, но таа верува дека на подолг период детето ќе биде во опасност ако има пониско ниво на свест за нештото.

„Кога бев дете, мојата мајка не секогаш знаеше каде сум. Така што, кога имав удрено колено едноставно се помирував со тоа и обично не ни се грижев за тоа“, вели таа.

Госпоѓа Визби има доста корисен совет - „Ако видите вашето дете да работи нешто што вас како старател многу ве уморува, избројте до 10 пред да почнете да реагирате, бидејќи ќе ве изненади и повторно ќе го направи она што го замислил“.

„Бев шокирана кога правев истражување на тема ризик бидејќи сфатив дека децата често пати се вртеа да проверат кај возрасните дали е во ред да направат нешто, да се обидат нешто или да преминат во другиот дел на просторијата“.

„Денес децата не учат стратегија како да излезат на крај со нешто, а ова се вештини кои им се потребни во животот. Ако не почнете рано и немате можност да бидете слободни и да правите грешки, никогаш нема да можете да излезете на крај со она што животот ќе го фрли пред вас. Ако премногу го заштитувате вашето дете, тоа никогаш нема да научи да прави грешки“.

Госпоѓа Визби вели дека преземањето ризик може секојдневно лесно да се интегрира во животот во самата градинка.

„Од ден во ден ги набљудувам децата како преземаат ризик, каков и да е - од самостојно одлучување за активноста која ќе ја извршуваат, како да користат кујнски ножеви, да припремат храна и слично и повторно овие задачи никогаш не се сфатени како ризик. Целта на Монтесори беше да се намали беспотребното ограничување на детето и да се тргне од штетното влијание на очекувањето на возрасните“.

„Слободата комбинирана со вештините кои ја зајакнуваат самостојноста им дозволува на детето да се развива самостојно и да стекне искуство и самодоверба потребна да стане функционална возрасна личност. Оспособувањето на децата да развијат ваква самостојност им дава моќ над сопствените избори помеѓу ризични одлуки, со кои подобро ќе се припремат да бидат самостојни индивидуи уште на рана возраст и да го препознаат нивното право да бидат видени како индивидуи“, вели таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот