X
 21.08.2020 Живот

Родителите во Италија повеќе не мора финансиски да ги издржуваат своите полнолетни деца

Полнолетните Италијанци немаат автоматско право на финансиска поддршка од нивните родители, дури и ако не се финансиски независни, пресуди врховниот суд во Италија.

Судот во Рим одлучи да пресуди против жалбата на 35-годишен наставник по музичко кој работел со скратено работно време, а кој и понатаму очекувал финансиска поддршка од своите родители, тврдејќи дека неговиот годишен приход од 20.000 евра не бил доволен.

- Овој полнолетен човек е обврзан да најде начин сам да се издржува - рекла судијката Марија Кристина Џианкола.

Со пресудата на врховниот суд заврши петгодишен случај. За време на првото судење локалниот суд се согласил дека 35-годишниот човек може финансиски да се потпре на неговите родители, бидејќи 18.000 евра што ги заработувал од хонорарната работа не биле доволни за живот. Исто така, локалниот суд се согласил со неговото тврдење дека има право на работа во согласност со неговото образование и амбиции.

Но, врховниот суд на Италија ја укина оваа одлука, донесувајќи пресуда дека родителите не се одговорни за финансиската состојба на нивните деца цел живот.

Судијката Марија Кристина Џанкола изјави дека младите Италијанци треба да работат на постигнување финансиска независност, додавајќи дека поддршката на родителите не е загарантирана.

rim
Фото: Pixabay

Судот пресуди дека 35-годишниот маж треба да ги „намали амбициите“ и додаде дека долготрајната и неефикасна потрага по работа не помогнала во неговиот случај.

Според истражување од италијанскиот Национален институт за статистика, кое било спроведено во 2019 година, 64,3 отсто од полнолетните Италијанци на возраст од 18 и 34 години живеат со родителите. Од овие полнолетни Италијанци само 36,5 отсто се студенти и 38,2 отсто се вработени, додека 23,7 отсто бараат работа. Невработеноста надминува околу 30 отсто меѓу Италијанците помеѓу 15 и 24 години.

Феноменот е толку познат во Италија што поранешниот премиер Марио Монти го нарече „бамбочиони“, што значи „големи бебиња“, за да се идентификува генерацијата на полнолетни Италијанци кои и понатаму живеат дома во доцните триесетти години.

Извор: Edition.cnn.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот