30.06.2016
Образование
Студентски Пленум објави видео снимка од украдени четири гласачки кутии
Студентскиот пленум на својот Фејсбук профил објави дека се украдени четири гласачки кутии кои потоа се однесени во канцелариите на СПУКМ.
Пред 20 минути насилно беа украдени 4 гласачки кутии и беа донесени во канцелариите на СПУКМ. Во моментов сме тука, внатре се заклучени со неколкуте кутии. Во моментов ние повикавме полиција и ги покануваме медиумите да дојдат пред СПУКМ (кај студентскиот дом Кузман), објавија од Студентскиот пленум