X
 28.01.2015 Образование

Координативна средба помеѓу Студентскиот и Средношколскиот пленум

Средношколскиот пленум се создаде неодамна со активирањето на наставниците и почнувањето штрајк за екстерното тестирање и платите.


Средношколците го создадоа овој пленум за да ги поддржат своите наставници и да го осудат екстерното тестирање како необјективно претставување на вистинското знаење на учениците.

Студентскиот пленум, како и Професорскиот пленум, ги поддржаа овие активности од страна на средношколците. Денес, таа поддршка ќе биде изразена и за време на официјален состанок помеѓу двата пленума.

Имено, „Нова“ открива дека денес ќе се одржи координативен состанок помеѓу Студентскиот и Средношколскиот пленум на кој ќе се дефинираат идните дејствувања на пленумите со цел запирање на лошите реформи на образованието.

- Денешниот состанок со студентскиот пленум ќе го оствариме со цел да се дефинира стратегијата за понатамошно делување. Нашите идни активности ќе ги насочиме врз база на искуствата од Студентскиот пленум. Засега не би коментирале кои чекори конкретно понатаму ќе ги преземеме, но веднаш по средбата јавноста ќе биде информирана што точно како пленум сме одлучиле, велат од Средношколскиот пленум.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование