X
 26.09.2016 Образование

Ќе се избира нов студентски правобранител на УКИМ

Претседателството на СПУКМ донесе одлука за распишување на конкурс за Студентски правобранител на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј". На актуелниот правобранител Васка Бојаџи и истекува мандатот. Инаку, Студентскиот правобранител има мандат од две години.



Конкурсот е отворен до 07.октомври, па СПУКМ ги повикува заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите да се пријават. Според конкурсот, кандидатот трреба да студира прави студии, да има завршено 4 семестар, просечна оценка на студии од минимум 8,00, да има организациски спосбности, како и способности за комуникација.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование