Наставничката Крис-Шари Кастелбри им дозволи на своите ученици нешто што не би го дозволиле сите наставници - да цртаат на нејзиниот фустан.
Крис, која работи во Пат Хенри основното училиште во Лаутон, Оклахома, сакала да направи нешто посебно за последниот училишен ден на нејзините ученици. Затоа, таа одлучила да ја искомбинира забавата со креативноста, па затоа ставила бел фустан и ги замолила нејзините малечки уметници да ѝ цртаат на фустанот.
Не само што ова било одличен начин за завршување на училишната година на децата туку и ова било одличен начин Крис да има убав спомен од учениците. „Ова е прекрасен фустан, бидејќи не сакам да ја изгубам убавината на децата со оглед на тоа што тие ќе порасна и ќе продолжат без мене“, вели таа.