X
 05.07.2016 Образование

Што ќе научат американските деца за американските претседателски кампањи?

Ања Каменец на 19ти април пишуваше за американската претседателска дебата и влијанието која ја имаат врз децата, на нивното однесување во училиштето како и дома. Таа ги обвини Трамп и останатите кандидати дека користат речник кој не би бил прифатлив во повеќето училишта.


Самиот тон на дебатата, прашањата во врска со депортирањата на имигрантите и изјавите дека Исламот не мрзи сите нас, се неколку од причините да се запрашаме на каков начин ова влијае врз децата, посебно кога се зема во обзир дека скоро третина од родителите на децата кои учат во државните училишта, не се родени во границите на САД. 

Јужниот Правен Центар за Сиромашни лица е организација која се бори против фанатизми и која бара правда за најранливите членови на американските друштва. Тие започнаа анкета наречена „Ефектот на Трамп“ во која учествуваа 2000 наставници. Резултатот покажа дека повеќе од две третини од децата - посебно имигрантите, муслиманите или постарите жители на САД, изјаснале страв во врска за своето семејство, како и за идните генерации после изборите.

Сколастик е блог на кој група од 35 деца, на возраст од 10 до 14 години, известуваат за претседателската кампања, како и сите пропратни случувања во врска со кампањата. Нивниот член, 12 годишната Грејси Вуд, имала прилика во еден митинг да му постави прашање на Трамп: „Претседателските кандидати често се многу злобни едни према други. Како на децата би им го оправдале таквото однесување?“

На тоа Трамп одговори: „Таквото однесување не е во ред, но таков е животот. Децата мораат да се навикнат на тоа.“

Дури 40% од испитуваните наставници кажале како на часовите избегнуваат да разговараат за претседателската дебата. Меѓутоа, интересно е како во Центарот за цивилна едукација се осмислени алатки, материјали и тренинг обуки за наставници како би можеле да зборуваат за американската политика за време на часовите, а нивниот академски тренинг е достапен во 46 соединети држави. Целта е, заедно со учениците, да се анализираат критички политичките изјави, нивната точност и слично.

Луцијано Д'Оразио, професор по друштвени студии во Бронкс и водител на дебатниот тим, работи со учениците така што ја проверува точноста на изјавите кои се слушнат во претседатеслките кампањи. Секој од говорите го анализираат и пронаоѓаат начин да направат паралела измеѓу теоријата и претседателските кампањи.

„Трамп ни е непресушен извор за тема. Го споредувавме со Александар Македонски, Јулиј Цезар, со сите владетели кои имале поинаков простап на владеење. Кога ќе ја погледнеме грчката демократија и некои нејзини недостатоци, јасно е дека демократија која не ја сакаат образованите луѓе, може да биде плен на демагог и учениците брзо можат да повлечат паралела и да споредат работи.“

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование