X
 03.07.2016 Живот

Професии кои за 15 години нема да постојат

професија

 

„Неодамна патував од Њујорк во Лос Анџелес, и дури 29 пати морав да комуницирам со други луѓе. Мојата прва станица беше банка. Таму разговарав со службеник бидејќи ми требаа повеќе пари отколку што е дозволено да подигнам од банкомат. Потоа отидов на аеродром. Таму две жени го вагаа мојот багажник и го ставаа на движечката лента. Потоа следуваше обезбедувањето. Агентите ја проверија мојата лична карта и ми го скенираа ранецот. Додека чекав авионот да полета читав вести од светот на финансиите.


Кога отидов во хотелот персоналот ми ја провери личната карта и ми даде клуч од собата. Стигнав до собата и сфатив дека заборавив да земам паста за заби, па морав да се јавам во рецепција. Тие ме поврзаа со собарката и една од нив ми донесе“, пишува Експрес.

Ниту една од овие професии нема да постојат за 15 години. Овие „посредници“ ќе бидат заменети со автоматизирани уреди, односно паметни машини кои ќе бидат поефикасни од луѓето. Индустриската револуција нема да влијае само врз производството туку и на услужните дејности.

Машините скоро се и поевтини од луѓето. Наскоро пари во готово нема да ни бидат потребни, а со самото тоа и целиот банкарски систем ќе биде подложен на промени.

Се сеќавате на финансиските вести на терминалот? Нив ги напиша програма, не новинари. Алгоритмите можат да создадат реченица според податоците кои ќе ги ставите во нив. Многу приказни се напишани од роботи, а не луѓе.

Дозволите и личните карти ќе исчезнат.

Скенирањето се'уште го прават луѓето бидејќи тестирањето минатата година покажало дека новиот систем кој не бара човечка помош направи грешка во 95% од случаите, односно не откри забранети предмети во багажникот. Но, во иднина ова ќе се промени.

Некои авионски компании веќе поставија уреди кои на патниците им овозможуваат сами да го скенираат багажот и да си ја испечатат картата. Уште денес можете да одите во хотел кој користи роботи. Тие можат да ви донесат крпи, паста за заби или храна.

Многу професии ќе исчезнат. Но, дали тоа отвора можности за многу поиновативни поединци кои знаат да го проценат пазарот и можат да го понудат она што се бара во иднина?
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот