X
 29.05.2020 Наука

Како изгледа топографската карта на Меркур?

„Месинџер“ ги испратил последните кадри од површината на Меркур пред да се сруши на површината на 30 април 2015. Една година подоцна, НАСА претставила детална карта од планетата која се наоѓа најблиску до Сонцето. Картата била направена со помош на фотографии со висока резолуција испратени од леталото „Месинџер“.

За да направат карта од површината на Меркур, научниците споиле над 100.000 фотографии кои „Месинџер“ ги направил кружејќи околу планетата. Деталните истражувања покажале дека највисоката точка на Меркур изнесува 4,48 километри, а најдлабокото место се наоѓа на 5,38 километри од површината.  


Извор: nationalgeographic.rs
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука