Сондата на НАСА, Џуно успеа да влезе во орбитата на Јупитер. Мисијата која започна пред речиси 5 години наскоро ќе ја постигне својата крајна дестинација: најмасовната планета во нашиот Сончев систем.
Џуно успеа да влезе во 23:53 по локално, односно 4:53 по средноевропско време.
„Вие сте најдобриот тим во светот; ја направивте најтешката работа што некогаш ја направила НАСА“, изјави Скот Болтон, главниот истражувач на НАСА, од Институтот за истражување во Сан Антонио, Тексас.
Џуно беше лансиран пред 5 години од Кејп Канаверал, Флорида и од тогаш има патувано скоро 1.7 милијарди милји.
„Учиме за природата, како
Јупитер бил формиран и што сето тоа ни кажува за нашата историја и од каде доаѓаме“, изјави Болтон.
НАСА очекува Џуно да биде во позиција за фотографии на 27 август, истиот ден кога научните инструменти ќе бидат пуштени за тестирање.
Само едно вселенско летало, Галилео, успеало да ја заврти планетата Јупитер, на која орбитираат 67 познати месечини. Болтон изјави дека Џуно веројатно ќе пронајде повеќе.
Седум други американски летала прелетале покрај огромната планета накратко пред да се упатат на други места во Сончевиот систем.