X
 07.07.2016 Наука

Следната мисија на НАСА ќе ве изненади

Изјавата на НАСА дека Јуно го стигна Јупитер заинтригира многу луѓе да знаат што е следното што го подготвува НАСА.


Една од најпосакуваните фикции на науката е да се најде планета надвор од соларниот систем која ќе одржува живот и со тоа ќе започне селењето од Земјата. К2 мисиите открија најмладо целосно формирана егзопланета досега. Тие ќе ја искористат оваа планета за да разберат подобро како се формирани планетите, како и процесот кој водел кој формирање на Земјата.

Подетални експедиции се планирани за ноември 2017, со надеж дека ќе се пронајдат повеќе егзопланети. Продолжува и мисијата на Марс која започна на 8ми октомври 2015 година. За сега главните фокуси ќе бидат: зголемен капацитет за подолги мисии, способности потребни за астронаутите за да живеат по подлабока вселена, и оспособување на човечки мисии на долната орбита на Марс и месечините на Марс.

Вселенскиот брод Орион е дизајниран за историската мисија на Црвената планета. Според НАСА, овој брод ќе полета со најмоќната ракета на светот, и ќе лета најдлабоко досега. Орион ќе остане подолго во вселената отколку било кое друго летало без да застане на вселенска станица, и ќе се врати дома побрзо отколку било кога.

 Интернационалните вселенски станици и нивните мисии ќе продолжат. Експедицијата 48/49 ќе полета на 6ти Јули и се планираат тури низ октомври следната година. Најновите истражувачки достигнувања имаат две фокусни точки: здравјето на астронаутот и достапноста на Меѓународната вселенска станица. Овие две точки посебно здравјето на астронаутот се основни за да можат да се изведат подолги патувања. Комбинацијата на микрогравитацијата и рацијацијата можат да ја намалат ефективноста на имунитетниот систем и да ги направи безопасните микроорганизми доста штетни.

Главен фокус на НАСА во последната декада е решението за глобалните предизвици, како што се сигурноста за храна, пристапноста до свежа вода и намалување на природните катастрофи. НАСА научниците и властите на Рио де Женеиро, Бразил, почнаа соработка за поддршка на иновативни трудови за подобро да се разберат и контролираат природните кататрофи, како суша и поплава.

Уште една главна иницијатива е „зелената авијација“ каде НАСА истражувачите ќе ги подобрат авионските технологии на американските аеродроми. Тоа ќе поттикне поголема контрола на полетувањата и слетувањата на авионите и подобрување на површинските операции за да се зголеми сигурноста и ефикасноста, и секако да се намали користењето на горива.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука