Јупитер со четирите месечини, синоќа снимен од Скопје. Професорот Ивица Милевски од Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет синоќа објави многу интересни фотографии на својот профил на „Фејсбук“. Тој напиша:
- Јупитер со 4. џиновски месечини (Ганимед, Европа, Ио и Калисто), снимен вечерва точно на полноќ од Скопје, со моето телескопче Целестрон-рефрактор со зголемување од 150, 200 и 250 пати. Моментално на „само“ 675,7 милиони километри од нас!
Погледнете ги фантастичните фотографии:
Фото: Проф. д-р Ивица Милевски