X
 14.12.2023 Наука

Решена осуммесечна мистерија со домат на Меѓународната вселенска станица

Минатата недела НАСА го прослави 25. роденден на Меѓународната вселенска станица, лабораторија во орбитата која се користи за спроведување различни научни експерименти. Во оваа пригода беше одржан пренос во живо од станицата, во кој сегашниот екипаж свечено ја одбележа годишнината и го објави успешниот крај на орбиталната „мистерија“ поврзана со научното тестирање.

Експериментот за кој станува збор е проект започнат минатата година за одгледување зеленчук во орбитата, во услови на микрогравитација, користејќи хидропонски и аеропонски техники на одгледување. Како дел од него, на станицата се одгледувале растенија за храна, а потоа се проучувале нивниот хранлив состав, микробиолошката безбедност на храната, вкусот и психолошките ефекти на таквата „вселенска градина“ врз екипажот.

И покрај сите предизвици во текот на повеќемесечниот експеримент, екипажот произвел само 12 домати, од кои секој бил со дијаметар од околу 2,5 сантиметри. Последната берба беше направена на 29 март годинава. На секој од членовите на екипажот потоа му бил даден сопствен домат, но со упатства да не го јаде поради загриженост за можна инфекција со габи.


Но една од торбите со домати исчезнала. Екипажот го „обвинил“ главниот спроведувач на овој биолошки експеримент, астронаутот Френк Рубио, на шега тврдејќи дека тајно го изел својот домат.

Во септември минатата година Рубио откри дека потрошил многу време барајќи изгубен домат на станицата. Сѐ стана шега меѓу членовите на екипажот во последните месеци, а Рубио отсекогаш тврдеше дека не е виновен и дека е сигурен дека еден ден некој ќе му го најде долгосушениот домат и така ќе го ослободи од „обвинението“.

Тоа се случи по два месеца откако Рубио се врати на Земјата. Екипата откри дека навистина го нашла изгубениот домат.

Извор: Bug
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука