Насилството меѓу учениците во училиштата е честа појава, и тоа е проблем кој се јавува во сите земји. Прашање е колку една земја се бори со овој проблем, со оглед на тоа што малтретирањето (менталното и физичкото) може да предизвика депресија, анксиозност и проблеми со здравјето. Може да дојде до тоа родителите да го отпишат детето од училишта, а често пати и доаѓа до фатални последици како што се самоубиствата. Но, се чини дека Финска го има решението.
Сè започнува со прашањето: Ако видите малтретирање, што ќе направите?
Одговорот на ова прашање е доста важен.
Финска го има еден од најдобрите образовни системи во светот, па затоа не е чудно што тие го користат ова прашање за малтретирањето за воведување на нова, ефективна програма за спречување на малтретирањето и насилството во училиштата. Финската програма за борба против насилство е наречена „KiVa“, кратенка од „kiusaamista vastaan“ што значи „против злоупотреба“.
Програмата вклучува различни ресурси, како што се алатки за наставниците и родителите и наставни часови. Но, еден од најинтересните аспекти на програмите се фокусира на подучување на оние кои стојат настрана и што тие треба да направат во случај да бидат сведоци на малтретирање и насилство. Наставниците не се секогаш покрај децата, такашто не можат секогаш да помогнат. Но, учениците можат. Посебно оние кои гледаат насилство.
„Нашите резултати покажуваат дека на загрозените деца - оние кои се соочуваат со злоупотреба неколку пати неделно - може да им помогнат децата кои стојат настрана. Потребно е да се научат овие деца дека можат да им помогнат.
Но, како програмата им помага на децата да имаат повеќе емпатија? Преку компјутерски игри и стимулации. Во една игра децата преземаат контрола врз анимираните аватари кои се наоѓаат во различни ситуации на злоупотреба, кои често се јавуваат во училиштата. „На пример, може да се присутни во одреден инцидент и тие треба да одлучат што да направат; без разлика на тоа дали ќе се одлучат за одбрана на жртвата или нешто друго“, изјави учесничка на програмата.
Постојат различни опции како жртвата може да се одбрани, а на нив останува изборот кој има последици и кои водат до нови ситуации. На учесниците дадени им се и совети што би требало да им кажат на некој кој е малтретиран.
Оваа програма, откако ќе се усвои во Финска, е тестирана и во други земји како Италија, Холандија и Британија.