X
 14.04.2015 Култура

Што значи мистериозниот број 187,5?

Бројот 187,5 не значи ништо за повеќето од нас. Тој значи многу за научниците, астрономите и физичарите.

 

Се работи вредност на дисперзијата на мистериозните снопови на краткотрајните и силни радио сигнали кои ги добивале од вселената. Се работи за повеќе сигнали со истата вредност. Дали бројот е случаeн?

Во математиката, бројот не претставува ништо особено. Тоа е обичен децимален број, кој не е ирационален, не претставува важна константа во науката и не е честа вредност на некои емпириски параметри.

Како и секој друг број со него може да се одредат неговите степени, корени итн. Може и да се претстави на различни начини со повеќе едноставни израци.

Кога се работи за радио сигналот со вредност 187,5, научниците велат дека можноста за случајност овде е 5 во 10.000. Сепак, бројката е многу тешка за објаснување. Доколку не се пронајде природно објаснување, мора да се земе предвид вештачко.

Досега биле забележани 10 радио сигнали со оваа вредност од 2001 година, но само еден бил забележан во реално време во јануари минатата година. Иако траат само милисекунди, брановите содржат енергија колку што Сонцето испушта за еден месец.

Дали треба ова да го сметаме за порака од вонземјани? 


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура