X
 13.07.2016 Живот

Јапонски метод кој помага во намалување на мрзеливоста

Секому се случува да не го стори науменото од чиста мрзеливост. Задачите ги одложуваме за друг ден или недела. Понекогаш ни успева да тргнеме, но по минимален труд самите си кажуваме дека сме направиле доволно и се откажуваме, па намерата да започнеме сосема нов живот ја одложуваме за некое друго време.


Зошто се случува тоа? Одговорот е јасен. Сакаме да направиме премногу работи за премногу кратко време, брзо се заситуваме од новите одговорности, тешко се ослободуваме од стари навики и се обидуваме нешто ново.

Во јапонската култура постои метод таканаречен „Каизен принцип на една минута“ кој води до напредок. Основата на овој метод е идејата дека личноста треба да вежба да работи нешто само една минута секој ден. Дури и најмрзеливите луѓе може да прават нешто во толку краток временски период. Ако некои работи сте можеле да ги одложувате бидејќи не сте можеле во текот на денот да издвоите еден час или повеќе, 60 секунди сигурно имате.

Без оглед дали се работи за склекови, читање книга или учење странски јазик, задачата нема да изгледа тешко туку забавно и удобно. Ќе преземате мали чекори и ќе добиете навика која ќе ве доведе до посакуваната цел. Едната минута ќе се претвори во две, 20 минути и еден час.

Методот се темели на два принципи - каи (промена) и зен (мудрост). Бил измислен од Масаки Имаи, кој смета дека оваа филозофија може да се примени на сите аспекти од животот.

На луѓето кои пораснале во западна култура овој метод може да им изгледа неефикасен, но тоа е поради тоа што тие претпоставуваат дека постигнувањето на некоја цел бара огромен труд. Но таквиот начин на пристапување кон проблемите исцрпува и не носи сигурни резултати. Од друга страна, методот Каизен се применува во сите аспекти од животот, па често се користи во компанијата за да се зголеми ефикасноста на вработените.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот