Од јапонската култура може многу да се учи за животот и за тоа како подобро да се функционира во него. Една работа е справување со мрзeливоста.
Јапонците користат неверојатна техника со која си гарантираат дека таа нема да застане на патот кон целите кои личноста ги има поставено.
Каизен е јапонски принцип од една минута, кој се фокусира кон тоа една минута од денот да се практикува нешто од што може да се има бенефит на крајот. Целта е оваа една минутна вежба да се одвива во истото време секој ден за да се постигне одредена дисциплинираност.
Она што е бенефит кога ќе настапи мрзата на сцена е што личноста мора да ја жртвува таа една минута за вежбата за да направи нешто за себе. Со оглед на фактот дека станува збор за само една минута, не постои чувство дека вежбата одзема повеќе време.
Каизен е
метод што функционира за сѐ, без разлика дали сакате да читате нова книга, да учите нов јазик или нешто друго. Оваа метода е добра и за зголемување на самодовербата кога сакате да постигнете нешто ново.
Немојте да ја потцените затоа што толку малку време од денот се посветува на неа, затоа што ако ја практикувате со недели или месеци ќе постигнете многу.