X
 17.07.2016 Култура

Која е најиновативната земја во Европа?

Според последното издание на рангирањето на Европската комисија, Шведска се'уште ја носи титулата најиновативна земја во Европа.

 

иновации


Eвропската табела за иновации ја именува Шведска како лидер во иновациите во Европската Унија, а веднаш после неа се нејзините соседи Данска и Финска, а потоа Германија и Холандија.

Ова значи дека Шведска го држи врвот на табелата уште од 2015 година.

„Главните наоди велат дека ЕУ иновациите се на чекор со Јапонија и Америка, а Шведска повторно е лидер во иновациите, додека Латвија стана најбрзо растечкиот иноватор“, вели истражувањето.

Рангирањето на Европската комисија дава оценка за силните и слабите страни на истражувањата и иновациските перформанси во земјите кои се проучувани.

Во истражувањето, освен земјите членки на ЕУ вклучени се и земји како Исланд, Израел, Македонија, Норвешка, Србија, Швајцарија, Турција и Украина.

Шведска беше најдобра во сите клучни категории на човечки ресурси и квалитетот на академските истражувања. Исто така, таа се покажа особено добра во категоријата на условите за финансии.

Еден од заклучоците од истражувањето во 2016 година е дека најиновативните земји како Шведска се оние кои имаат најдобри резултати во сите мерења, со што се одразува избалансиран национален систем за истражување и иновации.

Севкупните перформанси во иновациите кај Шведска се оценети над просекот на ЕУ, а другите земји кои исто така се наоѓаат над просекот се Данска, Финска, Германија и Холандија.

Меѓутоа, за разлика од пред две години, иновативноста особено во регионот околу Стокхолм е намален за 10%, иако сепак го задржа статусот на лидер во иновациите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура