Најстарата песна во светот била создадена пред 3.500 години, а станува збор за Хуритската химна.
Ова била химна на еден култ на Блискиот Исток, а плочите на која била запишана биле пронајдени во античкиот град Угарит, во денешна Сирија на почетокоте на 50-те години на минатиот век.
Верзијата на песната ја изведува Мајкл Леви, музичар и композитор кој специјализирал во читање и реконструирање на античка музика и техники на свирење.
Леви вели дека неговата мисија е да презентира убава лирика од минатото на овој блед и бездушен модерен музички свет.
„Во текот на последните неколку години снимив неколку свои аранжмани на Хуритската химна“, вели Леви.
На пронајдените 29 плочи биле врежани знаците кои означувале ноти на хуритски јазик. Ова е најстариот фрегмент со мелодија откриен во историјата на човештвото.