X
 09.03.2024 Наука

Пронајдена фосилизирана шума за која се верува дека е најстарата на светот

Научниците пронашле фосилизирана шума на брегот на Југозападна Англија за која веруваат дека е најстарата шума во светот.

Истражувачите од Универзитетот „Кембриџ“ и Универзитетот „Кардиф“ потенцираат дека областа била дом на дрвјата каламофитон, кои личат на палми. Станува збор за дрвја кои се опишани како „прототип“ на денешните дрвја, а биле високи меѓу два и четири метри. Идентификувани се фосилизирани стебла на дрвја, траги од корени, растителни фосили и нивни остатоци. Тие укажуваат на тоа како раните дрвја помогнале да се обликува пејзажот и да се стабилизира крајбрежјето пред стотици милиони години.

- Кога првпат ги видов сликите од дрвјата, веднаш знаев што се тие, врз основа на 30 години проучување на овој вид дрвја низ светот - истакнал д-р Кристофер Бери.

Експертот за растителни фосили во Природонаучниот музеј, д-р Пол Кенрик, кој не бил вклучен во истражувањето, истакнал дека станува збор за значајни траги. Истражувачите посочиле дека пронајдената фосилизирана шума е речиси четири милиони години постара од фосилизираната шума во американската држава Њујорк, за која досега се веруваше дека е најстарата во светот.

Фосилизираната шума е пронајдена покрај англискиот брег, помеѓу Девон и Сомерсет, и датира од девонскиот период, односно е стара помеѓу 358 и 419 милиони години.

Истражувачите истакнале дека областа тогаш била рамнина која не била поврзана со Англија, туку со делови од Германија и Белгија, каде што биле пронајдени и фосили од споменатите дрвја.

-Тоа беше прилично чудна шума - не личеше на ниедна шума што би ја виделе денес. Немаше вегетација и тревата сè уште не беше излезена, но имаше многу гранчиња од овие густо набиени дрвја, што има големо влијание врз пејзажот - објаснил професорот Нил Дејвис од „Кембриџ“.

Извор: Klix.ba

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука