X
 20.07.2016 Уметност

Зошто Дејвид Боуви бил толку креативен?

Дејвид Боуви беше пејач, песнописец, музичар, актер, сликар, уредник, собирач на уметност, но пред се бил артист. Тој почина во јануари годинава, на 69 години, оставајќи позади себе моќно дело како негово наследство. Како сите вештини се сплотиле да создадат еден од најголемите таленти е мистерија.


Колекцијата на Боуви која ќе биде ставена на аукција, се состои од 380 парчиња кои порано не биле јавно објавени. Уметничките дела се насликани од луѓе кои биле инспирација за Боуви. Некои од нив се Баскват, Вархол, Френк Ауербах итн. Сите парчиња од колекцијата се опасни на свој начин, и ја прекршуваат нормата.

Хирст бил еден од високо познати артисти кои Боуви јавно им изразило завидување. Боуви изјавил:

„Тој е поинаков. Мислам дека неговата работа е екстремно емоционална, субјективна, многу поврзана со неговите лични стравови - неговиот страв од смртта е многу силен - и затоа ги сметам неговите дела многу чувствителни.“


 Боуви дури позајмил техники од други артисти за решавање на проблемите со пишувањето песни. Тој цртал за да може да реши музички проблеми. Токму затоа почнал да собира слики од разни сликари.

Аукцијата на колекцијата на Боуви ќе биде отворена од 1ви до 10ти ноември. Средствата од аукцијата ќе идат директно на семејството на Боуви, кои ја продаваат колекцијата бидејќи немаат каде ги чуваат делата. Се надеваат дека истата колекција кој го инспирирала Боуви ќе ги инспирира другите.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност