Некои луѓе можеби ги поврзуваат зборовите „улична уметност“ со вандализам и криминал, но всушност постојат многу неверојатни улични уметници кои успеваат да им го разубават денот на минувачите некогаш со едноставни, а некогаш со комплексни уметнички дела инспирирани од нашето опкружување.
Еден од овие улични уметници е Џејми Пол Сканлон, попознат како Џеј-пи-ес, кој не може да помине некаде, а да не биде инспириран макар и од пукнатините на ѕидовите или тревата што се појавува од бетонот или други едноставни работи што повеќето луѓе не би ги забележале. Користејќи ја локацијата за да го инспирира за создавање уметнички дела и за да го направи секојдневниот живот на луѓето шарен, Џејми е повеќе од уметник.
Денес тој е познат по неговите
графити поставени на многу интересни места, кои предизвикуваат насмевка на лицето на минувачите.