X
 21.07.2016 Живот

Едноставни правила за успех

Сакам листи. Тие човек го одржуваат организиран и фокусиран. Најдобро функционирам со листи.

 

pravila


Мојот татко ми даде листа на патокази за управување кога станав заменик претседател во 1964 година, а подоцна јас ја адаптирав листата со сопствени правила за успех.

Никој случајно не станува добар лидер. Потребна е посветеност и дисциплина. Мојот татко знаеше, а и јас знаев дека кратката листа помага во одржување на приоритетите во фокус. Листата ти ги покажува најважните елементи за еден човек да биде добар лидер.

1. Предизвикувајте го вашиот тим да биде подобар и правете го тоа често.


2. Грижете се за вашите соработници и тие ќе се грижат за вашите клиенти, а вашите клиенти ќе се враќаат.


3. Прославувајте го успехот на вашите луѓе, не сопствениот.


4. Дознајте во што сте многу добри и продолжете да се подобрувате.


5. Направете го нештото сега. Не се оптоварувајте со неодлучност. Следете го вашиот инстинкт.


6. Комуницирајте слушајќи ги вашите клиенти, соработници и конкуренти.


7. Гледајте и бидете видени. Излезете од вашата канцеларија, разговарајте, бидете видливи и достапни.


8. Успехот секогаш е во деталите.



9. Поважно е да вработите луѓе со вистински квалитети, отколку со специфично искуство.


10. Потребите на клиентите може да варираат, но нивната пристрасност за квалитет никогаш не варира.


11. Секогаш вработувајте луѓе кои се попаметни од вас.


12. На секој проблем гледајте како на можност да растете.

Со толку многу нешта кои го одвлекуваат вниманието и барањата во нашиот свет, мислам дека сите можете да ја земете во предвид листата.. кратките точки можат да се искористат кога времето е вистинско.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот