Можете да ја сакате, можете да ја хејтате, може да ви пречат нејзините јавни настапи или да сметате дека не знае да пее, но не можете да негирате дека Мадона со причина е наречена поп-кралица. Таа жестоко се бореше за титулата.
- Дојдов во Њујорк. Имав сон. Сакав да бидам голема ѕвезда, а не познавав никого. Сакав само да танцувам, да пеам и да ги правам среќни луѓето. Секако, сакав да бидам славна и сите да ме сакаат. Но, верувајте дека прилично се намачив за да го остварам тоа. Работата е сѐ - ова е краткиот опис на нејзиниот рецепт за успех.
Попрецизни совети можете да пронајдете во нејзините песни, ставови, изјави... Еве неколку од нив.
- Ако вашата среќа зависи од тоа што општеството мисли за вас, тогаш секогаш ќе бидете разочарани.
- Моите амбиции се исти како кога бев дете: Сакам да владеам со светот!
- Тешка сум, амбициозна сум и точно знам што сакам. Ако тоа ме прави лоша или кучка во очите на другите, во ред.
- Се ужасувам од празни приказни и љубезни луѓе. Не разбирам зошто ми се јавуваат непознати лица и ме прашуваат како сум или ми кажуваат приказни што немаат смисла, не значат ништо.
- Голем број луѓе се плашат гласно да кажат што сакаат. Токму поради тоа, мислам дека многумина и не го добиваат она што го сакаат.
- Подобро да живеете еден ден како лав отколку сто како овца.
- Кога сте во некоја недоумица, правете се дека знаете сѐ. Дека сте Бог.
- Кога сум гладна, јадам. Кога сум жедна, пијам вода. Кога сакам да кажам нешто, кажувам.
- Јас сум сама свој мајстор. Ремек-дело што сама го создадов.
- Убавината ќе се најде таму каде што ќе ја
побарате.