X
 22.07.2016 Економија

Централ сити инвестмент - Успешна компанија водена од млади лица

Централ Сити Инвестмент Груп е нова фирма на македонскиот пазар. Фирмата се фокусира на менаџирањето со малите претпријатија и компании кои се уште се во развој преку повеќе стратегии и активности. Повеќе за фирмата прочитајте во интервјуто во продолжение.


Факултети: Централ Сити Инвестмент Груп е млада фирма. Кои се целите и мотото на фирмата?

ЦСИГ: Централ Сити Инвестмент Груп ДООЕЛ Скопје, е фирма која е претежно млада и се пробива на Македонскиот пазар, основана на почетоците на 2016 година, од можеби и најмладите партнери кои се осмелиле да започнат и да земат за себе еден ваков голем залак, залак кој емногу тешко да се оправда и цел која е уште потешка да се стигне.За себе има зацртано цел да биде едно одговорно претпријатие, кое своите стремежи ги гледа во развојот и борбата кон целта, а која е нашата цел.

Лидерство во менаџирањето со малите претпријатија, и компании кои се уште се во развој, притоа гарантирајки им на истите соодветна правна и економска помош, бизнис планови, организирање на работилници, организација во човечите ресорси во самите претпријатиа и застапување на истите во правниот и деловниот промет, изнаоѓање на соодветни стратешки партнери, како и етаблирање на копаниите и овозможување соработка на истите со фирми од странство.

Како еден интересен факт што може да се пофалиме е дека денеска Инвестмент груп со само неполни 7 месеци работа брои 8 вработени. Од кои, поголемиот дел го сочинуваат Магистри правници и економсити како и лица од новинарската фела моментално задолжени за претставувањето на компанијата и нејзин ПР.

   

Факултети: На што работите во моментов?

ЦСИГ: Пред неполни 3 месеци во оваа мала копанија се јави идеа, да се прошири и да почне да се бави со сегмент од пазарот на недвижности, да отпочне со продажба, изнајмување, како и одржување на локали, апартмани, семејни домови. Така настана Проперти Алианце ДООЕЛ Скопје (Property Alliance),во овој сегмент може да кажеме дека сме еден вид на пионери на пазарот кои ги вметнале во својот делокруг на работа, посредништво и заштита на клиентот во времетраење на самиот договор. Нашата цел за оваа компанија е кратко време да почне со обавување на услуги од видот на управување со стамбени и деловни објекти, бидејки нели главното пробивање на мразот е токму во управувачките дејности и советодавателните услуги и трговијата преку (Централ Сити Инвестмент Груп).


Факултети: Што е она што ве прави различни од другите?

ЦСИГ: Дефинитивно на ова ке ви одговорам дека тоа е одлучноста, инвестирањето во помали фирми управувањето и насочувањето на истите кон целите кои тие ги зацртале, давајки им патоказ како правилно да се изградат и одржат во ова динамично општество, изнаоѓајки начини како да ја достигнат максималната добивка - профитот а притоа да вложат што е можно помалку средства и ресурси.

Факултети: Кои се плановите за иднина?

ЦСИГ: Ги има многу, накратко моментално лично, сум максимално заложен за стабилизирање на Пропери Алианце (Property Alliance ), и нормално освојување на што е можно поголем дел од пазарот, што се однесува до Централ Сити Инвесмтент Инвестмент Груп во преговори сме со фирми претежно од странство, насочени сме кон проекти од едукацијата во врска со сегменти на деловното право и административната работа – преку различни работилници и семинари кои се планирани за крајот на ова лето, почетоците на Септември, како и проширување на дејностите на компанијата, и влез во пазарот со органска храна, и добиток претежно реализирајки проекти во источна Македонија, но за ова во некоја следна прилика.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија