X
 02.12.2018 Живот

Заборавете на интервјуата лице в лице, компаниите целата работа ја завршуваат преку телефон

Очајните работодавци во тесниот пазар на труд испробуваат нов вид интервјуирање на потенцијалните работници - со автоматизирани телефонски повици во кои кандидатот одговара на серија претходно снимени прашања. Тоа значи дека во ваквите интервјуа кандидатите си зборуваат сами со себе.

Сè повеќе компании го имплементираат ваквиот вид автоматизирано интервјуирање. Но, тоа може и да не е идеално за кандидатите.

Џереми Мафеи истакнува дека неговото прво автоматизирано интервју за работа во секторот на дигитален маркетинг во Флорида го фатило неспремен.

- Ми се блокира мозокот - вели тој и додава дека било многу безлично.

Регрутерите, пак, истакнуваат дека оваа тактика е наменета за најмување на потенцијалните работници што е можно побрзо среде недостигот на работна сила што владее во целата земја. Стапката на невработеност во САД е 3,7 отсто и има повеќе празни работни места отколку невработени лица.

Ова не е првата необична стратегија што почнале да ја користат работодавците за да привлечат таленти. Претходно имаше известувања дека некои компании им нудат работа на луѓето по само едно интервју направено телефонски - практика која често може да се види кај сезонските работници во компаниите од областа на малопродажбата. Но, има известувања дека тоа се случува и кога станува збор за други професии, меѓу кои и наставници, инженери и ИТ-професионалци.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот