X
 24.07.2016 Економија

Како Исланд беше спасен после финансиската криза?

Исланд, кој пред осум години беше тешко погоден од глобалната финансиска криза, се најде пред неверојатен пресврт, со неочекуван пораст на бруто домашниот производ од 4.2% во првите три месеци од оваа година.

 

1


Ваквото економско закрепнување се должи на значителниот раст на туризмот кој од почетокот на оваа деценија забележува стабилен раст, а моментално поголемиот извор на приходи доаѓа од извозот на риба и алуминиум.

Бројот на туристите во Исланд оваа година може да го надмине минатогодишниот рекорд од 1.3 милиони посетители, според официјалните податоци на службата на статистички податоци во Исланд.

Странците го „нападнаа“ Исланд делумно поради популарноста со која оваа земја се здоби поради серијата „Game of thrones“, со оглед на тоа што некои од епизодите од серијата, снимени се во оваа земја, па овие локации се понудени од туристичките агенции.

Податоците за потрошувачката потврдуваат дека економијата во Исланд е во пораст со оглед на тоа што туристите оваа година потрошиле 212 милиони долари врз основа на податоците добиени од кредитните и дебитните картички.

„Туризмот исто така може профитира од неочекуваниот успех на исландската фудбалерска репрезентација“, вели Марино Мелстед од статистичката канцеларија на Исланд.

Исланѓаните купиле 27.000 карти за неодамна одржаното Европско фудбалско првенство, што значи дека 10% од населението престојувало во Франција како поддршка за националниот тим.

Исланд, после банкарската криза од 2008 година стави крај на преговорите со ЕУ за членство, национализира три банки и банкротира по основа на кредитот во износ од 85 милијарди долари. Владата тогаш воведе забрана за движење на капиталот во странство и ја девалвира националната валута, по што пазарот на недвижнини падна за 90%, стапката на невработеност скокна на 10%, а инфлацијата на 18%.

Во тоа време, Рејкјавик од Меѓународниот монетарен фонд доби финансиска помош во износ од 2.1 милијарди долари, како и заем од 2.5 милијарди долари од другите нордиски земји.

Исландската влада донесе силни мерки за значително подобрување на состојбата на националната економија, со што го врати БДП на нивото пред кризата. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија