X
 05.04.2018 Економија

Ни претстои голема финансиска криза, предупредува Бил Гејтс

гејтс
Фото: NN

Финансиската криза од 2008 година доведе до голема рецесија и милион изгубени работни места. Америка, како и останатиот дел од светот, со години закрепнуваше од нејзините последици.

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, е уверен дека треба да се подготвиме за нова. За време на настанот „Прашај ме било што“, на сервисот „Редит“, корисниците го прашаа дали Америка во блиска иднина ќе доживее криза како таа од 2008 година.

„Да. Тешко е да се каже кога, но извесно е дека ќе се случи. За среќа, минатата ја поминавме добро. Ворен Бафет зборуваше за тоа, а тој многу подобро знае за оваа област од мене“, додаде Гејтс.

И покрај предупредувањето, Гејтс и неговиот долгогодишен пријател Бафет се оптимистично расположени кога станува збор за американската економија. За магазинот „Тајм“, Бафет изјави дека може да се очекува година на раст, така што децата ќе живеат подобро од нивните родители, додека Гејтс верува дека иновациите и капитализмот ќе ги подобрат животните услови на луѓето во целиот свет.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија