Неверојатен природен феномен секоја зима ги привлекува туристите да го посетат Исланд.
Пештерите од мраз на оваа земја се феномен што навистина треба да се види со оглед на тоа што имаат неверојатно чиста сина боја.
Пештерите се формираат кога дождот и стопената вода истекуваат од глечерите. Во лето, кога глечерот се повлекува, овој замрзнат пејзаж се менува и се појавуваат нови пештери во зима.
Но, климатските промени ги намалуваат глечерите на Исланд побрзо отколку што можат да закрепнат, така што загрозено е постоењето на овој извонреден феномен.
Како климатските промени ги загрозуваат пештерите?
- Се соочуваме со масивно топење на глечерите. Некои научници тврдат дека во рок од 150 години нема да има повеќе глечери на Исланд. Промената во таа временска рамка е огромна - вели туристичкиот водич Рејнир Арнарсон.
Глечерите веќе се топат толку брзо, што секоја година мора да се пронаоѓаат нови пештери, а предизвик е да се најдат пештери кои не се пренатрупани со туристи.
- Често се случува тука да има група од 300 до 400 луѓе одеднаш - вели водичот.
Доколку не се направи повеќе за да се запре глобалното затоплување, туристичката побарувачка наскоро може да ја надмине понудата на природата.
Кога можат да се видат ледените пештери?
Ледените пештери можат да се видат само во зима, од ноември до март, а некогаш и во април.
Фото:
Instagram