X
 25.07.2016 Култура

Кога се појавиле првите терористи?

Kaко циклус кој се враќа речиси илјада години подоцна, современиот тероризам има историски корени од озлогласената секта на средновековните убијци од Сирија и Персија (денешен Иран).

 

1


Всушност, зборот „убиец“ (assassin) доаѓа од „hasishin“, арапски прекар за повеќето фанатични следбеници на оваа група, што значело „корисници на хашиш“ или „хашиш зависници“. Овие дрогирани млади луѓе предизвикувале терор кај јавноста со убивање на цели од висок профил за реализирање на политичките цели на главните лидери на сектата.

Сектата била составена од Низари Исмаили, група која се одвојувала од Исмаилизмот, огранок на шиитскиот ислам кон крајот на 11-от век (околу 1080). Убијците биле основани од Хасан-и-Сабах, радикален мисионер кој заедно со уште неколку лидери од сектата биле наречени „стариот човек од планината“. Во текот на неколку стотици години, убијците станале познати низ Блискиот Исток како убијци на два калифи и многу султани и крстоносни лидери.

Се разбра, не сите Низари Исмаили биле убијци. Тоа беа дел од нивните следбеници познати како фидајен што значи „оние кои се жртвуваат себеси“. Популарната легенда вели дека на овие добро обучени дрогирани млади луѓе им била прикажана рајска градина полна со девици, и биле испраќани на самоубиствена мисија која би им помогнала да се вратат во градината засекогаш.

Славата на убијците се прошири низ Европа благодарение на Марко Поло, прославениот венецијански скитник низ светот кој пишувал за нив, зголемувајќи ја нивната озлогласеност. Всушност, приказните за „тајната градина“ и дрогирањето често пати им се припишуваат на моќта за пишување на Марко Поло и често се дебатира нивната историска точност.



Зошто ваков пристап?

Во недостиг на војска, водачите на убијците сфатиле дека им се потребни добро обучени фанатички воини за реализирање на нивните политички и религиозни цели. Поточно, тие првично се бореле против империјата на Селџуците, турско-персиска сунитска муслиманска империја, која држела голем дел од територијата под своја контрола и активно се борела со Исмаилите, кои ги сметала за еретици.

Хасан-и-Сабах и другите лидери на убијците увиделе дека асиметричното војување функционира како и сеењето терор низ населението. Нивните цели често пати биле убивани сред бел ден и на јавни места за да се зголеми изложувањето на актот во јавноста. Исто така, дрогиран убиец се појавувал на пазар и одредена позната личност ја прободувал со врвот од ножот кој имал отров, директно во срцето - чин кој предизвикувал страв кај луѓето. Убијците гледале на елиминирањето на лидерите како на начин за политички дискурс, поинаква тактика од модерните терористи кои го гледаат како директен напад врз населението како главен оперативен принцип.

Хасан-и-Сабах, основачот на сектата бил извонреден човек, со одлични познавања во уметноста, метафизиката, филозофијата, математиката, астрономијата и други науки. Тој ги спроведувал операциите на сектата од Ааламут, непробојна тврдина на персиска планина. Замокот ги бранел од многу напади, а бил освоен од Монголците во 1256 година.

Друг озлогласен лидер убиец бил Рашид ад-Дин Синан, Ирачанец кој ја предводел групата за време на владеењето на познатиот Султан Саладин, кој владеел со Сирија и Египет од 1174 до 1193. Саладин им избегал на убијците во неколку наврати. ПОмалку среќа имале кралот на Ерусалим Конрад Монсерат кој бил убиен во 1191 година од другите крстоносци кои соработувале со „стариот човек од планината“ за да елиминираат заеднички непријател.

Денес, убијците се инспирација за популарната видео игра и наскоро филмска франшиза „Assassin's Creed“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура