Овој месец се затвора и последната компанија во светот која произведувала видеорекордери. Компанијата „Funai Electronic“ во Јапонија своите погони ќе ги затвори после 33 години производство.
Продажбата на видеорекордери во изминативе неколку години беше мала, меѓутоа сите знаеме колку овој производ беше купуван и користен.
Што освен видеорекордерите наскоро ќе стане минато?
1. Ретровизори
Автомобилската индустрија постојано се развива, а со новите технологии кои полека стануваат дел од стандардната опрема би можеле да исчезнат и некои препознатливи делови на автомобилот како што е на пример ретровизорот. Сите поголеми произведувачи полека започнаа да ги заменуваат со софистицирано видео надзор на автомобилот и неговата околина.
2. Пластични кредитни картички
Факт е дека готовината изумира. Целиот запад одамна премина на плаќање со картички, а ова го знаете ако сте посетиле некоја северноевропска земја во која е скоро невозможно да се плаќа со добрите стари пари.
Но, се чини дека светот отиде чекор понатаму па наскоро картичките ќе бидат заменети со плаќање преку мобилните телефони.
3. Кабли
Ве нервираат каблите кои се насекаде низ вашиот дом? Тогаш имаме одлична вест за вас. И тие исто така наскоро ќе исчезнат со оглед на тоа што уредите ќе ги приклучуваме со помош на новата технологија како Bluetooth, NFC и слично.
4. Далечински управувач
Далечинскиот управувач со децении е дел од нашите домови, но очигледно е дека како што генерациите кои доаѓаат, нема да го познаваат овој уред бидејќи нема да постои. Наскоро телевизорите и сличните уреди ќе можеме да ги управуваме со сопствените гласови.
5. Клучеви
Наскоро и на клучевите може да им дојде крајот со оглед на тоа што ќе бидат заменети со нова технологија која ќе ни овозможи автомобилите, становите и велосипедите да ги отклучуваме со помош на мобилните уреди.
6. Кумплунг
На пазарот секоја година доаѓаат се' повеќе автоматик автомобили што значи дека употребата на кумплунгот е непотребна.
7. Учебници
Класичните учебници од кои учевме за испитите исто така во блиска иднина ќе станат минато. Тие ќе бидат заменети со дигитални формати како што се таблети и уреди слични на нив.
8. Dial-up интернет
Се сеќавате на овој вид на интернет со кој се поврзувавме исклучувајќи го фиксниот телефон? Но, за некоја година никој на светот повеќе нема да се поврзува на интернет на овој начин што значи дека повеќе ќе го нема.
9. Хелиум
Лоша вест за сите кои го користат хелиумот за да се забавуваат со сопствениот глас. Овој плин до 2020 година ќе стане недостапен за широка употреба.
10. Виски
Оваа вест ќе ги погоди љубителите на жестоки пијалаци. Произведувачите на виски во наредните години најавуваат недостаток на овој пијалак па затоа уживајте додека можете.
11. CD диск
Постарите меѓу вас сигурно се сеќаваат на дискетите, но се чини дека и „помалиот брат“ на дискетите, цедињата ги очекува истата судбина и тоа многу порано отколку што мислите. Постојат експерти кои тврдат дека цедињата од широка употреба ќе излезат веќе наредната година.