X
 10.02.2021 Живот

Пред МОН запалени страници од учебникот по географија за втора година средно образование

Министерството за образование денеска беше опколено со полиција откако млади поддржувачи на партиите Алијанса за Албанците и Алтернатива запалија неколку страници од учебникот по географија за втора година средно образование, пренесоа медиумите на албански јазик.



Претходно тие одржаа прес-конференција на која делови од книгата ги оценија како „фашистички невистини“ и неколку страници од книгата ги запалија пред камерата, истакнувајќи дека ја почитуваат книгата како книга и не сакаат да ја оштетат целата. Истовремено, тие испратија една книга за историјата на Албанците во Министерството за образование и наука.



Медиумите на албански јазик во земјава деновиве објавуваа вести за, како што наведуваа, „скандалозниот“ учебник, притоа посочувајќи што точно им пречи на Албанците во Македонија. Имено, тие наведуваа неколку спорни нешта наведени во учебникот.


Тоа се следните:

На 99 страница од книгата каде што е напишано: „Меѓу денешните македонски Албанци има и родови кои себеси се сметаат за староседелци. Главно тоа е македонско население кое во текот на турското владеење го примило исламот и постепено се албанизирало. Меѓу нив, понекаде има и понекој род кој потекнува од некогашните Турци, Роми или Черкези“.

Потоа, за нив е спорно тоа што на 103 страница во учебникот стои, како што велат, „окупаторска Албанија на западна Македонија“.

И на 104 страница како спорен момент го наведуваат напишаното дека Албанците во Македонија се доселиле во различни периоди, почнувајќи од 1780 година. Но, како што пренесоа медиумите на албански јазик, на оваа страница спорно е и тоа што е напишано дека „населувањето на албанското население во Македонија не се одвивало спонтано, туку во најголема мера насилно, плански, со помош на турската власт или на локалните аги и бегови.

Учебникот по географија во целост можете да го погледнете тука.

Извор: Almakos
Насловна фотографија: Lajm (printscreen)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот